Левитска 10:1-3
Левитска 10:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Двајцата синови Аронови, Надав и Авиу, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господ туѓ оган, иако тоа не им беше заповедал Господ. Тогаш излезе оган од Господ, и ги изгоре, и умреа пред Господ. И му рече Мојсеј на Арон: „Тоа е она што го рече Господ, велејќи, преку оние што ќе пристапуваат кон Мене ќе се осветам и пред целиот народ ќе се прославам.“ Арон, пак, молчеше.
Левитска 10:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ароновите синови Надав и Авиуд ја зедоа секој својата кадилница; ставија оган во нив и положија темјан во него, за да принесат пред Господа туѓ оган, што Тој не им го заповеда. Но излезе оган од пред Господа и ги изгоре, и тие умреа пред Господовото лице. Тогаш Мојсеј му рече на Арона: „Тоа е она за што зборуваше Господ, кога рече: ‘Свет ќе Сум преку оние кои Ми се приближуваат и ќе се прославам пред целиот народ.’“ Арон молчеше.