Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 2:1-6

Плачот 2:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Како ја помрачи Господ во гневот Свој ќерката Сионова! Од небесата ја симна славата Израелова и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев. Господ ги сотре сите живеалишта на Јаков, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на ќерката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти. Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израелови, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јаков како огнен пламен, кој проголтува сѐ наоколу; го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби сѐ што е мило за очи­те; врз скинијата на ќерката Сионова ја излеа како оган јароста Своја. Господ стана како непријател, го истреби Израел, ги разори сите домови негови, ги разруши тврдините негови и умножи при ќерката Јудина тага и плач. И ја сруши скинијата Своја како градина; го разори местото Свое во собранието, Господ направи на Сион да се забораваат празниците и саботите; и во Своето гневно негодување отфрли и цар и свештеник.

Плачот 2:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Како со мрак ја покри Господ во Својот гнев Сионската Ќерка. Од небо на земја ја фрли Израелевата слава! И не си спомна за Своето подножје во денот на Својот гнев! Господ ги сотре без милост сите Јаковови живеалишта, во Својот гнев ги разурна тврдините на Јудината ќерка; со земјата ги срамни и ги проколна царството и неговите кнезови. Во Својот распламтен гнев ја скрши сета Израелева сила, ја повлече Својата десница пред непријателот; во Јакова раздува огнен пламен што изгорува сѐ наоколу. Го оптегна лакот како непријател, ја испружи десницата како враг, убивајќи сѐ што беше мило за очите. Врз шаторот на Сионската ќерка го истури како оган Својот разјарен гнев. Господ беше како непријател: го истреби Израел, ги разурна неговите дворци, ги сруши неговите тврдини, и ги намножи на Јудината ќерка воздивнувањата и ридањето. Му ја разурна сеницата како на градина, му го разруши местото на состанокот. Господ ги фрли во заборав прославите и саботите на Сион; во Својот гнев ги презре царот и свештеникот.