Јуда 1:8-9
Јуда 1:8-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На сличен начин и овие луѓе, вообразени мечтатели, од една страна си ги поганат сопствените тела, а од друга ја презираат врховната власт на Бог и ги навредуваат славните суштества. Дури ни архангел Михаел, кога се препираше со Ѓаволот околу телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо обвинение, туку рече: „Господ да те прекори!“
Јуда 1:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Истото ќе се случи и со оние кои го осквернуваат телото, ја презираат власта и хулат на Славата. А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!“
Јуда 1:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Па сепак овие сонувачи на ист начин го осквернуваат своето тело, го презираат господството и хулат на славите. А Архангелот Михаил, кога се расправаше и препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те искара!“