Јуда 1:3-4
Јуда 1:3-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели, многу сакав да ви пишувам за нашето заедничко спасение што го имаме, но сметам дека е неопходно да ви напишам и да ве охрабрам да ја браните верата што еднаш засекогаш Бог им ја предаде на Своите верни следбеници. Се вовлекоа меѓу вас безбожни луѓе, што ја извртуваат пораката за благонаклоноста на нашиот Бог, за да си го оправдаат сопствениот разврат. Тие не Го признаваат нашиот единствен Владетел и Господ Исус Христос. За нив во Светото Писмо уште одамна е запишано дека ќе бидат осудени.
Јуда 1:3-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за нашето општо спасение, сметав дека е неопходно да ви напишам и да ве замолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш, зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја превртуваат благодатта Божја во нечистотија и се одрекуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
Јуда 1:3-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Возљубени кога покажав секаква ревност да ви пишувам за нашето заедничко спасение, почувствував потреба да ви пишам, опоменувајќи ве да се борите усрдно за верата, која им е предадена на светите еднаш за секогаш. Зашто, се вовлекоа некои луѓе, кои се одамна однапред определени за оваа осуда: безбожници, кои благодатта на нашиот Бог ја заменуваат во распуштеност и Го одречуваат единствениот Владетел, Бог, и нашиот Господ Исус Христос.