Јуда 1:24-25
Јуда 1:24-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А сега, на Оној што е способен да ве зачува од паѓање и Кој со голема радост ќе ве доведе во Неговата беспрекорна слава, на единствениот Бог и наш Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, Нему Му припаѓаат славата, величественоста, власта и моќта уште пред почетокот на времето, и сега, и во сите времиња! Амин.
Јуда 1:24-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост – на Единиот премудар Бог, нашиот Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, слава и величие, сила и власт преку сите векови, сега и во сите времиња. Амин!
Јуда 1:24-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
А на Оној, Кој може да ве запази од сопнување и да ве постави непорочни во радосно воскликнување пред Својата слава, на Единствениот Бог, нашиот Спасител преку Исуса Христа нашиот Господ - слава, величие, сила и власт пред секое време и сега и во сите векови. Амин!