Јуда 1:11-13
Јуда 1:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тешко ним, зашто тргнаа по патот на Каин! Како Балаам, за пари се ќе направат! Како и Корах, ќе изгинат поради своето бунтовништво. Овие луѓе се црна дамка на вашите заеднички спомен-вечери. Се гоштаваат со вас без трошка страв. Само за себе се грижат. Тие се облаци што многу ветуваат, но дожд во нив нема. Тие се овошки без плодови во време на берба, двојно мртви, зашто и корењата им се извадени. Тие се разбеснети морски бранови кои како пена ги исфрлаат на брегот своите срамни дела. Тие се заскитани ѕвезди, забревтани кон вечна и најцрна темнина.
Јуда 1:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тешко ним, зашто тргнаа по Каиновиот пат, се фрлија во заблудата на Валаам заради печалба и загинаа во бунтот Кореев. Тоа се оние што ги поганат вашите трпези на љубовта, јадејќи со вас без страв и напасувајќи се. Тие се безводни облаци што ветровите ги пренесуваат, есенски неродни дрвја, двапати исушени и искорнати; свирепи морски бранови, што како пена ги испуштаат своите срамни дела; ѕвезди лажни, за кои се чува мракот на темнината засекогаш.
Јуда 1:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тешко ним, зашто тргнаа по Каиновиот пат, и за печалба паднаа во Валаамовата заблуда и загинаа во Кореевата буна. Тие се подводни скали на вашите трпези на љубовта, кои се гостат со вас без страв, пасејќи се себеси; безводни облаци носени од ветровите, есенски неплодни дрва, двапати умрени и откорнати; бесни морски бранови, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди скитнички, за кои се чува мрачна темнина довека.