Исус Навин 5:4-6
Исус Навин 5:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така ги обреза Исус, зашто сиот народ од машки пол што беше излегол од Египет, сите способни за војна изумреа во пустината по патот, откако беа излегле од Египет; и така сите излезени беа обрезани, а сите, што се родија во пустината по патот, по излегувањето од Египет, не беа обрезани; зашто синовите Израелови четириесет години лутаа по пустината; додека изумреа сите способни за војна, што беа излегле од Египет. Тие што не го послушаа гласот Господов и на кои Господ им се заколна дека нема да ја видат земјата, што Господ со заклетва беше им ја ветил на татковците нивни, односно дека нам ќе ни ја даде земјата, каде што тече мед и млеко
Исус Навин 5:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А еве зошто ги обреза Исус: сите луѓе кои излегоа од Египет, сите кои можеа да носат оружје, изумреа при патувањето низ пустината. Сите тие беа обрезани, ама не беше обрезан никој, кој се родил при патувањето низ пустината, по излезот од Египет, зашто четириесет години Израелците скитаа по пустината додека не изумреа сите способни за оружје, кои беа излегле од Египет; не го слушаа Господовиот глас, па Господ им се заколна дека нивните очи нема да ја видат земјата, што им ја вети на нивните татковци - земјата во која течат млеко и мед.