Исус Навин 5:13-14
Исус Навин 5:13-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога Исус се наоѓаше близу до Ерихон, погледна и виде, и ете, пред него стои човек, со изваден меч во раката. Исус се приближи до него и му рече: „Наш ли си, или си од нашите непријатели?“ Тој му одговори: „Не; јас сум водачот на војската Господова, сега дојдов овде.“ Исус падна ничкум на земја, се поклони и му рече: „Што ќе му заповедаш на својот слуга?“
Сподели
Прочитај Исус Навин 5Исус Навин 5:13-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Исус му се приближи на градот Ерихон, ги подигна очите и здогледа човек како стои пред него со извлечен меч во раката. Исус му пристапи и го праша: „Дали си ти со нас или си со нашите непријатели?“ А тој одговори: „Не, јас сум водач на Господовата војска, и тукушто дојдов…“ Тогаш Исус падна ничкум, му се поклони и рече: „Што му заповедаш, Господару, на својот слуга?“
Сподели
Прочитај Исус Навин 5