Исус Навин 5:10-15
Исус Навин 5:10-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И се задржаа синовите Израелови во логорот во Гилгал и вечерта на четиринаесеттиот ден од месецот направија Пасха во рамнините Ерихонски; и на вториот ден по Пасха почнаа да јадат од пченицата на таа земја – бесквасни лебови и печени зрна во истиот тој ден; и маната престана да паѓа во тој ден, откако почнаа да јадат од житото на таа земја; и веќе немаше мана кај синовите Израелови: во таа година тие јадеа од плодовите на хананската земја. Кога Исус се наоѓаше близу до Ерихон, погледна и виде, и ете, пред него стои човек, со изваден меч во раката. Исус се приближи до него и му рече: „Наш ли си, или си од нашите непријатели?“ Тој му одговори: „Не; јас сум водачот на војската Господова, сега дојдов овде.“ Исус падна ничкум на земја, се поклони и му рече: „Што ќе му заповедаш на својот слуга?“ Водачот на војската Господова му рече на Исус: „Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето.“ Исус така и направи.
Исус Навин 5:10-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така Израелците се настанија во Галгал и таму во Ерихонските Полиња ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден во месецот, навечер. А утреден по Пасхата, поправо во тој ден јадеа од родот на онаа земја: бесквасни лебови и пржени зрна. И маната прекрати штом почнаа да ги јадат плодовите на земјата. Така Израелците веќе немаа мана, туку се хранеа таа година со плодовите на Ханаанската Земја. Кога Исус му се приближи на градот Ерихон, ги подигна очите и здогледа човек како стои пред него со извлечен меч во раката. Исус му пристапи и го праша: „Дали си ти со нас или си со нашите непријатели?“ А тој одговори: „Не, јас сум водач на Господовата војска, и тукушто дојдов…“ Тогаш Исус падна ничкум, му се поклони и рече: „Што му заповедаш, Господару, на својот слуга?“ А предводникот на Господовото воинство му одговори на Исуса: „Собуј ги обувките од своите нозе, зашто е свето местото на кое што стоиш.“ И Исус направи така.