Исус Навин 4:4-7
Исус Навин 4:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Исус повика дванаесет луѓе, што ги избра од синовите Израелови, по еден маж од секое племе и им рече: „Одете по мене пред лицето на Господ, вашиот Бог, среде Јордан и секој нека земе оттаму по еден камен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Израелови, за да бидат кај вас знак; кога ќе те праша во подоцнежно време синот твој и ќе рече: ‚зошто се овие камења кај вас?‘ а ти ќе му речеш на синот твој: ‚Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Господ; кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ќе бидат кај вас како вечен споменик на синовите Израелови.“
Исус Навин 4:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Исус повика дванаесет луѓе, кои ги имаше избрано меѓу Израелевите синови, од секое племе по еден човек, и им рече: „Одете пред Ковчегот на Господа, својот Бог, во средината на Јордан, и нека секој донесе на своите рамена по еден камен според бројот на Израелевите племиња. Тоа ќе биде за спомен меѓу вас. Кога еден ден вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значат овие камења?’ Ќе им речете: ‘Водата на Јордан се раздели пред Ковчегот на Господовиот Завет, кога поминуваше преку Јордан.’ И овие камења ќе им бидат вечен спомен на Израелевите синови.“