Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 4:1-7

Исус Навин 4:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога целиот народ го премина Јордан, Господ му рече на Исус: „Земи од народот дванаесет луѓе, по еден маж од секое племе и заповедај им и кажи им: ‚Земете оттука, среде Јордан, каде што стоеја неподвижно нозете на свештениците, дванаесет камења, понесете ги со себе и ставете ги на местото, каде што ќе но­ќевате оваа ноќ!‘“ Исус повика дванаесет луѓе, што ги избра од синовите Израелови, по еден маж од секое племе и им рече: „Одете по мене пред лицето на Господ, вашиот Бог, среде Јордан и секој нека земе оттаму по еден камен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Израелови, за да бидат кај вас знак; кога ќе те праша во подоцнежно време синот твој и ќе рече: ‚зошто се овие камења кај вас?‘ а ти ќе му речеш на синот твој: ‚Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Гос­под; кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ќе бидат кај вас како ве­чен споменик на синовите Из­ра­ело­ви.“

Исус Навин 4:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Откако сиот народ помина преку Јордан, Господ му рече на Исуса: “Изберете од народот дванаесет луѓе, од секое племе по еден, и заповедајте им: ‘Дигнете оттука, од средината на Јордан - од местата каде што стојат нозете на свештениците - дванаесет камења, кои ќе ги носите со себеси и ќе ги положите на местото каде што ќе преноќевате ноќеска.’“ Тогаш Исус повика дванаесет луѓе, кои ги имаше избрано меѓу Израелевите синови, од секое племе по еден човек, и им рече: „Одете пред Ковчегот на Господа, својот Бог, во средината на Јордан, и нека секој донесе на своите рамена по еден камен според бројот на Израелевите племиња. Тоа ќе биде за спомен меѓу вас. Кога еден ден вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значат овие камења?’ Ќе им речете: ‘Водата на Јордан се раздели пред Ковчегот на Господовиот Завет, кога поминуваше преку Јордан.’ И овие камења ќе им бидат вечен спомен на Израелевите синови.“