Исус Навин 23:1-3
Исус Навин 23:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По многу време, откако Господ го успокои Израел од сите околни непријатели, Исус остаре, дојде во поодмината возраст. И ги свика Исус сите синови Израелови, старешините нивни, судиите нивни и управителите нивни, и им рече: „Јас остарев, дојдов во поодмината возраст. Вие видовте сѐ што Господ, вашиот Бог, направи пред лицето ваше со сите тие народи, бидејќи Господ, вашиот Бог, Самиот се бори за вас.
Исус Навин 23:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Поминаа многу денови откако Господ му даде на Израел да се одмори од сите непријатели наоколу. И Исус беше остарел, навлегол во години. Затоа Исус ги повика сите Израелци, старешините, главатарите, судиите и управителите нивни, и им рече: „Остарев и напреднав во годините. Вие бевте сведоци на сѐ што Господ, вашиот Бог, пред ваши очи, им направи на сите народи заради вас: Господ, вашиот Бог, се бореше за вас.