Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 21:20-45

Исус Навин 21:20-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И на родовите од Каатовите потомци, левитите, – што уште беа останале од Каатовите синови, според нивната ждрепка, им се паднаа градовите од пределите на племето Ефремово: им го дадоа Сихем со околината негова, како град-прибежиште за убијци, во Ефремовата Гора, и Гезер со околината негова. Кивцаим со околината негова, Ве­торон со околината негова – четири града; а од Дановото племе: Елтеке со околината негова и Гибетон со околината негова, Ајалон со околината негова и Гат-Римон со околината негова – четири града; од половината на Манасиевото племе: Танах со околината негова, и Јивлеам со околината негова – два града. Сите градови што им се паднаа на другите Каатови потомци, се десет града со околините нивни. А на Гирсоновите потомци, сродници на левитите, им ги дадоа: од поло­вината на Манасиевото племе Голан во Башан со околината негова, град-прибежиште за убијци, и Беештера со околината нејзина – два града; од Исахаровото племе: Кишјон со околината негова, Даверат со околината негова, Јармут со околината негова, Ен-Ганим со околината негова – четири града; од Асировото племе: Мишал со околината негова, Авдон со околината негова; Хелкат со околината негова, Рехов со околината негова – четири града; од Нефталимовото племе: Кедес во Галилеја со околината негова, – град-при­бежиште за убијци, Хамот-Дор со околината негова и Картан со околината негова – три града. Сите градови што им се паднаа на Гирсоновите синови, според племињата нивни, се тринаесет градови со околи­ните нивни. На другите левити, од родовите на Мерариевите синови, им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со околината негова, Карта со околината нејзина. Димна со околината нејзина, Нахалал со околината негова – четири града; од Рувимовото племе им беше даден градот-прибежиште за убијци Бецер, во пустинската рамнина, со околината негова, Јахца со околината нејзина, Кедемот со околината негова, Ме­фаат со околината негова – четири града; од Гадовото племе: Рамот со околината негова – град-прибежиште за убијци, во Галаад, Маханаим со околината негова. Есевон со околината негова, Јазер со околината негова – четири града. Сите градови што им се паднаа со ждрепка на другите левитски родови, од Мерариевите синови, според домовите нивни, се дванаесет града. Сите левитски градови, што беа во наследствата на синовите Израелови, беа четириесет и осум града со околи­ните нивни. Сите тие градови им беа дадени со нивните околини. И така Господ му ја предаде на Израел целата земја, за која им се заколна на нивните таковци дека ќе им ја даде; тие ја наследија и се населија во неа. И Господ им даде спокојство отсе­каде, како што им се беше заколнал на татковците нивни, и никој од непријателите нивни не се осмели да стане против нив; сите нивни непријатели Гос­под им ги предаде во нивни раце. Не остана неисполнет ниеден збор од сите добри зборови, кои Господ му ги беше рекол на домот Израелов: сѐ се исполни.

Исус Навин 21:20-45 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

На другите левити со семејствата на Каатовите синови со жрепка им припаднаа градовите на Ефремовото племе. Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата, Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града. Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата, Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града. Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града. Вкупно семејствава на другите Каатови синови добија десет градови со пасиштата. На Гирсоновите синови, на левитските семејства им ги дадоа од половината Манасиево племе градот - засолниште Голан во Васан и Вестера со нивните пасишта: два града. Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата, Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града. Од Асировото племе: Мисал со пасиштата, Авдон со пасиштата, Хелкат со пасиштата и Реов со пасиштата: четири града. Од Нефталимовото племе: град - засолниште Кедес во Галилеја со пасиштата, Амот-Дор со пасиштата и Картан со пасиштата: три града. Вкупно Гирсонови градови според нивните семејства беа тринаесет со пасиштата. На семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со пасиштата, Карта со пасиштата, Димна со пасиштата, Налол со пасиштата: четири града. Од онаа страна на Јордан, од Рувимовото племе, им ги дадоа: градот - засолниште Восор со пасиштата на пустинската висорамнина, Јаза со пасиштата, Кедимот со пасиштата, Мефат со пасиштата; четири града. Од Гадовото племе: градот - засолниште Рамот во Галада со пасиштата, Маханаим со пасиштата, Есевон со пасиштата, Јазир со пасиштата: четири града. Вкупно им беа доделени со жрепка на семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа, дванаесет градови. Така среде наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум левитски градови со пасиштата. Секој тој град имаше и пасишта наоколу. Така беше со сите спомнати градови. Така Господ им ја даде на Израелците сета земја за која се заколна дека ќе им ја даде на нивните татковци. Ја примија во сопственост и се населија во неа. И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци. Никој од нивните непријатели не беше способен да им даде отпор. Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сѐ се исполни.