Исус Навин 2:8-11
Исус Навин 2:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пред да легнат да спијат, Раав се качи кај нив на покривот и им рече: „Знам дека Господ ви ја дал вам оваа земја, бидејќи ужас нѐ опфати од вас, и сите жители на оваа земја се исплашија од вас; зашто чувме дека Господ ја исуши пред вас водата во Црвеното Море кога сте доаѓале од Египет, и како сте постапиле со двајца аморејски цареви од онаа страна на Јордан, Сихон и Ог, кои сте ги погубиле. Кога го чувме тоа, срцето ни се стегна и во ниеден од нас душа не остана поради вас; зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на небото и на земјата долу
Исус Навин 2:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Додека тие горе уште не беа заспани, Рава се качи кај нив на покривот и им рече: „Знам дека Господ ви ја даде оваа земја, зашто сите нас нѐ фати страв од вас, и сите жители на овој крај се плашат од вас. Зашто чувме како Господ го исуши Црвеното Море пред вас, кога излеговте од Египет, и за она што им направивте на двата аморејски цара од другата страна на Јордан, на Сион и Ог, што ги погубивте. Кога го чувме сѐ тоа, ни застана срцето, и никој да собере сила за да ви се спротиви, зашто Господ, вашиот Бог - Тој е Бог горе на небесата и долу на земјата.