Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 18:11-28

Исус Навин 18:11-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И се фрли ждрепка за племето на Венијаминовите синови, според родо­вите нивни. Според ждрепката грани­цата им минува меѓу синовите Јудини и меѓу синовите Јосифови; границата нивна на север почнува од Јордан, минува зад Ерихон од север, се искачува по планината кон запад и завршува во пустината кај Бет-Авен; оттаму границата оди кон Луз, на југ од Луз, инаку Ветил, и потоа слегува кон Атрот-Адар, кон гората, што е на југ од Долни Веторон; потоа границата свртува и се спушта кон запад, јужно од гората, што е спроти Веторон и завршува кај Кирјат-Ваал, инаку Кирјат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна. Јужната, пак, граница оди од Кирјат-Јарим кон морето и стигнува до водните извори на Нефтоах; потоа границата слегува кон крајот на гората што е пред долината Бен-Хи­ном, северно од Рефаимската Долина, оди по долината Бен-Хином до јужната страна на Јевус, стигнувајќи кај Ен-Ро­гел; потоа свртува кон север, минува кај Ен-Шемеш, оди кон Гелилот, кој е спроти ридот Адумин, и слегува кон Каменот на Рувимовиот син Бохан; потоа, минува северно од рамнината, и слегува кон неа; оттука таа поминува од северната страна на Бет-Хогла и завршува при северниот крај на Мртвото Море, кај устието на Јордан. Тоа е јужната граница. Од исток, пак, за граница служи Јордан. Тоа е наследството на Венија­миновите синови, со околните граници негови, според родовите нивни. На племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни, им припаднаа овие градови: Ерихон, Бет-Хо­гла и Емек-Кециц, Бет-Арава, Цемараим и Ветил, Авим, Пара и Офра, Кефар-Амона, Офни и Гева: дванаесет градови со селата нивни; Гаваон, Рама и Беерот, Мицпа, Кефира и Моца, Рекем, Јирпеел и Тарала, Цела, Елеф и Јевус, инаку Еру­салим, и Гиват и Кирјат: четиринаесет градови со селата нивни. Тоа е делот на Венијаминовите синови, според родо­вите нивни.

Исус Навин 18:11-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И жрепката му падна на племето на Венијаминовите синови според нивните родови: се утврди дека нивниот дел е меѓу делот на Јудините синови и на Јосифовите синови. Северната меѓа им се тегнеше од Јордан па излегуваше покрај северната стрмина на Ерихон, се искачуваше од запад на гората и завршуваше во пустината Вет-Авен. Оттаму одеше кон Луз, односно Ветил; потоа се спушташе во Атарот-Адар, покрај брдото што е јужно од Долниот Вет-Орон. Натаму меѓата завиваше и свршуваше од запад кон југ, од гората што се издига спроти Вет-Орон од југ, и завршуваше кај Киријат-Вал, денес Киријат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна. Јужната страна почнуваше од границите на Киријат-Јарим, па се тегнеше на запад кон изворот Нефтој, потоа меѓата се спушташе до крајот на гората што е спроти долината на Еномовиот син на север на Рафаимската низина, потоа слегуваше во долината Еном покрај Јевусејската Стрмина и стигаше до изворот Ен-Рогил. Потоа свртуваше од север па излегуваше на Ен-Семес и го допираше Галилот, што се издига спроти Адумимското Нагорниште, и слегуваше на Каменот Воан, на Рувимовиот син. Потоа поминуваше по стрмината од северната страна на Вет-Арава и слегуваше до Арава. Натаму меѓата течеше покрај стрмината Вет-Огла кон север и свршуваше на северниот залив на Соленото Море, до јужниот крај на Јордан. Тоа е јужната меѓа. Јордан пак беше меѓа на источната страна. Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со нивните меѓи наоколу според нивните семејства. Градовите на племето на Венијаминовите синови според нивните родови се: Ерихон, Вет-Огла, Емек-Кесис; Вет-Арава, Семараим, Ветил; Авин, Фара, Офра; Хефар-Амона, Офниј и Гава: дванаесет градови со своите села. Гаваон, Рама, Вирот; Миспа, Хефира, Моса; Рекем, Ирфаил, Тарала; Сила, Елеф, Јевус (тоа е Ерусалим), Гават и Киријат: четиринаесет градови со своите села. Тоа е наследството на Венијаминовите синови според нивните родови.