Исус Навин 18:1-3
Исус Навин 18:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И целата заедница на Израеловите синови се собраа во Силом, ја поставија таму скинијата на собранието, бидејќи земјата беше покорена од нив. А од синовите Израелови останаа уште седум племиња, кои не беа добиле свое наследство. И им рече Исус на синовите Израелови: „До кога ќе се колебате да одите да ја завладеете земјата, што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци?
Сподели
Прочитај Исус Навин 18Исус Навин 18:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Се собра заедницата на Израелевите синови во Сило, и таму го оптегнаа Шаторот на средбата. Сета земја им се покори. Но меѓу Израелевите синови останаа уште седум племиња, кои не го примија своето наследство. Тогаш Исус им рече: „До кога ќе се двоумите да тргнете и да ја земете во сопственост земјата што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци?
Сподели
Прочитај Исус Навин 18