Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 14:6-14

Исус Навин 14:6-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Јудините синови дојдоа во Гилгал кај Исус. И му рече Халев, синот Јефунеов, од родот на Кеназ: „Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеј, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Барнеа. Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Барнеа да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето; браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно Го следев Господа, мојот Бог; и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господ, мојот Бог.‘ И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеј, и Израел одеше по пустина; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години; но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам. Затоа, дај ми ја таа гора, за која го­вореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден дека таму живеат Ана­ко­вите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.“ Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефунеовиот син Халев. Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефунеовиот син Халев, од Кеназиевиот род, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господ, Израеловиот Бог.

Исус Навин 14:6-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Јудините синови пристапија кон Исуса во Галгал, а Халев синот Јефониев, Кенезеец, му рече: „Ти знаеш што му рече Господ на Мојсеја, на Божјиот човек, за мене и за тебе во Кадис-Варни. Ми беа четириесет години кога Мојсеј, Господовиот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја согледам земјата. И му донесов извештај како што најдобро знаев. Браќата кои тргнаа со мене го исплашија срцето на народот, но јас ја вршев волјата на Господа, својот Бог. И во тој ден Мојсеј се заколна: ‘Земјата по која стапнуваше твојата нога ќе ти припадне тебе и на твоите синови во вечно наследство, зашто ја вршеше волјата на Господа, мојот Бог.’ И гледаш, Господ ме запази во живот, како што рече. Веќе поминаа четириесет и пет години откако Господ му го вети тоа на Мојсеја, додека Израел уште одеше низ пустината; сега сум на осумдесет и пет години, но уште сум и денес силен, како што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како согледувач. Како некогаш, и сега е мојата сила во мене, за борба за да отидам и да се вратам. Дај ми го сега ова горје, што Господ ми го вети во оној ден. Сам чу во оној ден. Таму се Енакимците, а градовите им се големи и цврсти. Ако е Господ со мене, ќе ги изгонам, како што го вети тоа Господ.“ Тогаш Исус го благослови, и му го даде на Халева, синот Јефониев, Хеврон во наследство. Хеврон му припадна во наследство на Халев, синот Јефониев, Кенезец, сѐ до денес, зашто Халев ја вршеше волјата на Господа, Израелевиот Бог.