Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 14:1-15

Исус Навин 14:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еве што наследија синовите Израелови во хананската земја, што им ја раздели свештеникот Елеазар и Исус синот Навинов, и родо­начал­ниците од племињата на Израеловите синови; на деветте племиња и на половината племе, поделба извршија со ждрепка, како што беше заповедал Господ преку Мојсеј, зашто на две и половина племиња Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив, бидејќи од Јосифовите синови про­из­легоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на левитите дел од земјата, туку гра­дови за живеење и предградија за нивниот добиток и за други нивни потреби. Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така и направија синовите Израелови, кога ја разделуваа земјата. Јудините синови дојдоа во Гилгал кај Исус. И му рече Халев, синот Јефунеов, од родот на Кеназ: „Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеј, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Барнеа. Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Барнеа да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето; браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно Го следев Господа, мојот Бог; и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господ, мојот Бог.‘ И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеј, и Израел одеше по пустина; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години; но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам. Затоа, дај ми ја таа гора, за која го­вореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден дека таму живеат Ана­ко­вите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.“ Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефунеовиот син Халев. Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефунеовиот син Халев, од Кеназиевиот род, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господ, Израеловиот Бог. Името на Хеврон порано беше Кирјат-Арба, или град на Арба, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Анакови. Така земјата се смири од војна.

Исус Навин 14:1-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ова е што добија во наследство Израелевите синови во Ханаанската Земја - што им разделија во наследство свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на семејствата на израелските племиња. Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе. Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив. Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока. Како што Господ му заповеда на Мојсеја, така направија Израелевите синови при делбата на земјата. Јудините синови пристапија кон Исуса во Галгал, а Халев синот Јефониев, Кенезеец, му рече: „Ти знаеш што му рече Господ на Мојсеја, на Божјиот човек, за мене и за тебе во Кадис-Варни. Ми беа четириесет години кога Мојсеј, Господовиот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја согледам земјата. И му донесов извештај како што најдобро знаев. Браќата кои тргнаа со мене го исплашија срцето на народот, но јас ја вршев волјата на Господа, својот Бог. И во тој ден Мојсеј се заколна: ‘Земјата по која стапнуваше твојата нога ќе ти припадне тебе и на твоите синови во вечно наследство, зашто ја вршеше волјата на Господа, мојот Бог.’ И гледаш, Господ ме запази во живот, како што рече. Веќе поминаа четириесет и пет години откако Господ му го вети тоа на Мојсеја, додека Израел уште одеше низ пустината; сега сум на осумдесет и пет години, но уште сум и денес силен, како што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како согледувач. Како некогаш, и сега е мојата сила во мене, за борба за да отидам и да се вратам. Дај ми го сега ова горје, што Господ ми го вети во оној ден. Сам чу во оној ден. Таму се Енакимците, а градовите им се големи и цврсти. Ако е Господ со мене, ќе ги изгонам, како што го вети тоа Господ.“ Тогаш Исус го благослови, и му го даде на Халева, синот Јефониев, Хеврон во наследство. Хеврон му припадна во наследство на Халев, синот Јефониев, Кенезец, сѐ до денес, зашто Халев ја вршеше волјата на Господа, Израелевиот Бог. Хеврон се викаше порано Киријат Арва; а Арва беше голем човек меѓу Енакимците.