Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 13:1-6

Исус Навин 13:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога Исус остаре и навлезе во поодмината возраст, Господ му рече: „Ти остаре и веќе си во поодминати години, а останува уште многу да се завладее. Остануваат уште овие земји: сите филистејски предели и сите области на Гесуријците. Од Шихор кој е кон Египет до границите на Екрон на север, се смета како подрачје на Хананците. Тоа се пет филистејски кнежества со главни градови: Газа, Ашдод, Ашкелон, Гет и Екрон како и територијата на Авим­ците. На југ, пак, целата хананска земја и Меара Сидонска, до Афека и до аморејските предели, исто така целата земја Гевла и ис­точен Ливан од Ваал-Гад, во поднож­јето на Ермон, до Емат. Сите планински жители од Ливан до Мисрефот-Маим, сите сидонци, Јас ќе ги избркам пред синовите Израелови. Па раздели му ја таа земја со ждрепка во наследство на Израел, како што ти заповедав

Исус Навин 13:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Исус остаре и напредна во своите години, Господ му рече: „Веќе си стар и времен, а остана многу земја за да се освои. Еве ги подрачјата што уште остануваат: сите филистејски покраини и сета гесурска земја; од Сиор, што е пред Египет, сѐ до границата на Акарон на север, а се смета како подрачје на Ханаанците; пет филистејски кнежевства: Газа, Азот, Аскалон, Гет и Акарон; потоа Авејците на југ. Сета ханаанска земја од Меар што им припаѓа на Сидонците, па до Афек и до аморејската меѓа; тогаш земјата на Гивлејците и сиот Ливан кон исток, од Вал-Гад во подножјето на гората Ермон до преминот Емат. Ќе ги истерам пред Израелевите синови сите жители на подгорјето, од Ливан до Мисрефот на запад - ќе ги истерам сите Сидонци пред Израелевите синови, само раздели му ја на Израел во наследство земјата, како што ти заповедав.