Исус Навин 1:8-9
Исус Навин 1:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Да не се одделува од устата твоја оваа книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во твоите патишта и умно ќе постапуваш. Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај, зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.“
Сподели
Прочитај Исус Навин 1Исус Навин 1:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Книжниот свиток на Законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе, за да пазиш верно сѐ што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите. Нели ти заповедав: биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.“
Сподели
Прочитај Исус Навин 1