Исус Навин 1:14-15
Исус Навин 1:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
вашите жени, вашите деца и вашиот добиток нека останат во земјата, што Мојсеј ви ја даде од оваа странана Јордан; а вие храбрите, што можете да војувате, тргнете вооружени пред браќата ваши и помагајте им, додека Господ, не ги успокои браќата ваши, како и вас; додека и тие не ја наследат таа земја, која Господ, вашиот Бог, им ја дава; тогаш вратете се во наследството свое и земете ја земјата, која Мојсеј, слугата Господов, ви ја даде од оваа страна на Јордан, каде изгрева сонцето.‘“
Исус Навин 1:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вашите жени, деца и стада можат да останат во земјата, која ви ја даде Мојсеј од онаа страна на Јордан. Вие пак воините, спремни за бој, треба да тргнете вооружени пред своите браќа за да им помогнете, сѐ додека Господ не им даде починка и на вашите браќа, како и вам, и додека не ја освојат земјата, што им ја дава Господ, вашиот Бог. Тогаш ќе можете да се вратите во земјата што ви припаѓа и што ви ја даде Господовиот слуга Мојсеј, на другата страна на Јордан, кон изгрејсонцето.“