Исус Навин 1:1-5
Исус Навин 1:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По смртта на Мојсеј, слугата Господов, Господ му рече на Навиновиот син Исус, служител на Мојсеј, велејќи: „Мојсеј, слугата Мој умре; затоа сега стани, мини преку реката Јордан, ти и сиот овој народ, во земјата, што Јас им ја давам, на синовите Израелови. Секое место, на кое ќе стапнат стапалата на вашите нозе, вам ви го давам, како што му реков на Мојсеј: од пустината и од Ливан дури до големата река, реката Еуфрат, целата земја Хитиска, и до Големото Море на запад ќе бидат ваши предели. Никој нема да ти се спротивстави во текот на сите денови од твојот живот; и како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе: нема да те оставам, ниту ќе те презрам.
Исус Навин 1:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник: „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови. Секое место на кое ќе стапне вашата нога ви го давам, како што му ветив на Мојсеја. Од пустината и од Ливан па до Големата Река, реката Еуфрат, целата земја на Хетејците, и сѐ до Големото Море на сончевиот запад - сѐ тоа ќе биде ваше подрачје. Никој не ќе одолее пред тебе во сите дни на твојот живот; јас ќе бидам со тебе како што бев со Мојсеја, и никогаш нема да те напуштам ниту ќе те оставам.