Јов 24:13-17
Јов 24:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тие ѝ се противат на светлината, не ги знаат патиштата нејзини и не одат по патеките нејзини. На разденување станува убиецот, убива сиромав и несреќен, а ноќе е крадец. И окото на прељубникот чека да се стемни, велејќи: ‚ничие око нема да види‘ и го покрива лицето свое. Во темнината се провираат под куќите, а дење се кријат затворени; не знаат тие за светлина. За нив најцрната ноќ е како јасно утро, толку се зближени тие со стравотиите на темнината.
Јов 24:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Има такви, кои ја мразат светлината: не ги признаваат нејзините патишта, ниту се придржуваат до нејзините патеки. Убиецот се крева во мракот, ги коле бедниот и сиромашниот. Окото на прељубникот копнее за примрак: „Никој нема да ме види,“ вели тој и го прекрива своето лице со превез. Во темнината ги пробива куќите, оние куќи, кои ги забележал дење. Тие не сакаат да знаат за светлина. Зората им е како смртна сенка: штом зазори силен страв ги фаќа.