Јов 13:5-12 - Compare All Versions
Јов 13:5-12 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Кога би знаеле да молчите, би било тоа ваша најголема мудрост. Ислушајте го мојот приговор и проникнете во жалбите на усните мои. Требаше ли да говорите заради Бога неправда и заради Него да говорите лага? Требаше ли да бидете пристрасни кон Него и за Бога така да се препирате? Добро ли ќе биде, Тој да ве испитува? Ќе Го измамите ли како што се измамува човек? Тој строго ќе ве казни, иако скришно лицемерите. Зар големината Негова не ве плаши, и страв од Него не ве обзема? Вашите забелешки прилегаат на пепел; вашата одбрана е глинена ограда.
Јов 13:5-12 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога бисте знаеле да молчите, ќе ја покажевте својата мудрост! Сепак слушајте ги моите докази, чујте ја причината на моите усни. Зар заради Бога зборувате лаги и зар заради Него се тие измамливи зборови? Зар сакате пристрасно да Го браните Бога? Зар сакате да Му бидете застапници? Зар би било добро Тој да ве испита? Зар бисте Го измамиле како човек? Тој ќе ве изобличи со претешка казна, заради вашата потајна пристрасност. Зар не ве плаши Неговото величество и зар не ве опфаќа ужас од Него? Вашите причини се пословици од пепел, вашата одбрана е одбрана од кал.