Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 17:6-19

Јован 17:6-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака. Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал, зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои. Се што имам Јас е Твое, и се што имаш Ти е Мое; тие ќе ми донесат слава. Свети Татко! Јас повеќе не сум во светот, зашто се враќам кај Тебе, но тие остануваат во светот. Зачувај ги преку силата на Своето име што Ти ми го даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно. Додека бев со нив, Јас ги чував преку силата на Твоето име што Ти ми го даде, и ги зачував. Никој од нив не се загуби, освен синот на пеколот, за да се потврди претскажаното во Светото Писмо. А сега, Јас се враќам кај Тебе и овие работи ги кажувам додека сум се уште во светот, за Моите следбеници да ја имаат во себе истата, целосна радост, што ја имам Јас. Јас им ја предадов Твојата порака, но светот ги замрази, зашто тие не му припаѓаат на светот, исто како што ни Јас не му припаѓам на светот. Татко! Не Те молам Моите следбеници да ги земеш од светот, туку да ги чуваш од Злиот. Тие не му припаѓаат на светот, како што ни Јас не му припаѓам на светот. Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината. Јас ги испраќам во светот, како што Ти Мене Ме испрати во светот. Јас се посветив за нив, за и тие да и бидат посветени на вистината.

Јован 17:6-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и раз­браа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив. Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, ка­ко што сме и Ние. Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не по­гина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото. А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост. Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината.

Јован 17:6-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово. Сега сознаа дека е од Тебе сѐ, што си Ми дал; зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои, и сѐ Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив. И не Сум повеќе во светот, а тие се во светот, Јас идам при Тебе. Свети Татко, запази ги во Твое име оние, кои Ми ги даде, за да бидат едно, како што Сме и Ние. Додека бев со нив, Јас ги чував во Твое име оние, кои Ми ги даде, и ги запазив, па ниеден од нив не погина, освен синот на гибелта за да се исполни Писмото. А сега идам при Тебе, и го зборувам ова во светот, за да ја имаат Мојата радост полна во себе. Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот. Не Те молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од лукавиот. Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот. Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот; За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината.