Јован 17:6-10
Јован 17:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака. Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал, зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои. Се што имам Јас е Твое, и се што имаш Ти е Мое; тие ќе ми донесат слава.
Јован 17:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив.
Јован 17:6-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово. Сега сознаа дека е од Тебе сѐ, што си Ми дал; зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои, и сѐ Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив.