Јован 17:1-6
Јован 17:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако Исус ги искажа овие работи, го подигна погледот кон небото и почна да се моли: ”Татко, дојде часот да Го прославиш Својот Син, за да може Синот да Те прослави Тебе; зашто, Ти Му даде власт над сите луѓе, да може да им даде вечен живот на сите оние што Му ги имаш дадено. А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати‘. Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери. А сега, Татко, врати ми ја одново славата што ја имав со Тебе пред создавањето на светот. Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака.
Јован 17:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот. А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос. Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане. Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.
Јован 17:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небото и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе, како што си му дал власт над секое тело, па да му даде на сè - што си Му дал - вечен живот. А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. Јас Те прославив на земјата, го свршив делото, што Ми го даде да го извршам; а сега, Татко, прослави Ме Ти - во Себе Самиот - со славата што ја имав при Тебе, пред создавањето на светот.” ”Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово.