Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 14:1-10

Јован 14:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„Не вознемирувајте се! Верувајте во Бог! Верувајте и во Мене! Во домот на Мојот небесен Татко има многу живеалишта. Ако не беше така, зар ќе ви речев дека одам да приготвам место за вас? Откако ќе отидам и ќе ви приготвам место, повторно ќе се вратам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што сум Јас. Вие го знаете патот до местото каде што заминувам.“ Тома Му рече: „Господе, ние не знаеме ни каде заминуваш! Како, тогаш, можеме да го знаеме патот!?“ Исус му одговори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко. Ако Ме познавате Мене, Го познавате и Мојот Татко. Отсега Го знаете и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господе, покажи ни Го небесниот Татко и тоа ќе ни биде доволно!“ Исус му одговори: „Филипе, долго време сум со вас. Зар не знаеш кој сум Јас!? Секој што Ме видел Мене, Го видел небесниот Татко. Како можеш да кажеш: ?Покажи ни Го небесниот Татко‘? Зарем не веруваш дека Јас сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги зборувам Јас не ги зборувам од Себе, туку небесниот Татко, Кој живее во Мене, ги врши Своите дела.

Јован 14:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. А каде одам Јас го знаете патот.“ Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата.

Јован 14:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас. А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.“ Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како може-ме да го знаеме патот?“ Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Таткото, и доста ние.“ Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото!’ Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги прави делата.