Јован 1:32-33 - Compare All Versions
Јован 1:32-33 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Тогаш Јован го даде следното сведоштво: „Јас бев таму и Го видов Светиот Дух Кој слезе како гулаб од небото и остана над Него. Јас не ќе Го познаев, но кога Бог ме испрати да крштавам во вода ми рече: ,Врз Кого ќе Го видиш Светиот Дух да се спушта и да остане над Него, Тој е Оној што ќе крштава во Светиот Дух‘.
Јован 1:32-33 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштава со Дух Свети.‘
Јован 1:32-33 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него. Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.“