Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 9:10-24 - Compare All Versions

Еремија 9:10-24 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И ќе го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ќе ги направам пустина без жители. Има ли таков мудрец, што ќе го разбере ова? На кого му говорела устата Господова, па да објасни, зошто за­гина земјата и изгоре како пустина, така што никој не минува низ неа? И рече Господ – поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него, туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни. Заради тоа вака вели Господ Са­ваот, Израеловиот Бог: еве, ќе ги на­хранам тие луѓе со пелин, ќе ги напојам со затруена вода. И ќе ги растурам меѓу народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ќе испратам по нив меч, сѐ додека не ги истреби. Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испра­тете да дојдат вешти жени за таа работа. Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече. Затоа што глас од плач се слуша откај Сион: „Како нѐ ограбија, лошо сме посрамени; принудени сме да ја ос­тавиме земјата, зашто нашите куќи ни ги разурнаа.“ Па така, слушајте го, жени, словото од Господ и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги ќерките свои на плач, и една со друга – на тажни песни: „Смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куќите наши, за да ги истреби децата од улиците и младината од плоштадите.“ Кажи им, вака вели Господ: ќе бидат фрлени труповите на луѓето како ѓубре во поле и како снопја зад же­т­вари, и не ќе има кој да ги собере. Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое. А кој се фали, нека се фали со тоа дека Ме разбира Мене и дека знае дека Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; зашто само овие работи Ми се угодни, вели Господ. Ете идат денови, вели Господ, кога ќе ги казнам сите кои се само надво­решно обрезани

Еремија 9:10-24 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Заплачете, тажете над ридовите, ридајте над пустинските пасишта! Зашто изгореа, никој не минува, гласот на стадото веќе не се слуша. Од небесната птица до добитокот, сѐ избега, сѐ снема. „Од Ерусалим ќе направам куп камчишта, шакалско живеалиште, јудејските градови ќе ги претворам во пустина каде што никој не живее.“ Кој е мудар, за да го разбере тоа, кому му зборуваше Господовата уста за да извести зошто изгоре земјата како пустина, и никој веќе не минува низ неа? И Господ рече: „Зашто го оставија Мојот Закон што им го дадов и зашто не го слушаа Мојот глас, ниту го следеа, туку ги следеа своето закоравено срце и Ваалите на кои нивните татковци ги научија.“ Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Еве, ќе го наранам овој народ со пелин и ќе го напојам со горчлива вода. И ќе ги распрснам меѓу народите кои не ги познаваа тие ни нивните татковци. А по нив ќе испратам меч, за да ги сотре.“ Господ над Воинствата зборува вака: „Внимавајте! Повикајте ги тажачките! Нека дојдат! Испратете по највештите! Нека дојдат! Нека поитаат за да го запеат тажењето над нас! За да потечат солзи од нашите очи, за да потече вода од нашите клепки! Од Сион достига тажењето: ‘О, како сме упропастени, многу засрамени! Зашто треба да ја оставиме земјата и да ги оставиме своите живеалишта.’“ И затоа, о жени, чујте го Господовото слово, и нека вашето уво го прими зборот од Неговата уста. Учете ги своите ќерки да тажат, да ридаат една за друга: Смртта влезе скришум низ нашите прозорци, влезе во нашите дворови, ги покоси децата среде улицата, младите среде раскрсниците. Зборувај, вака вели Господ: „И мртвите тела ќе лежат како гној по ораниците, како снопје зад жетварите, а ќе нема никој да ги собере.“ Господ зборува вака: „Мудрите нека не се фалат со мудроста, ни јунакот нека не се фали со смелоста, ни богатиот нека не се фали со богатството. А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милостта, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,“ зборува Господ.

Сподели
Еремија 9 MKB