Еремија 3:13-14
Еремија 3:13-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Признај ја само вината своја: зашто отстапи од Твојот Господ Бог и се одвлечка со туѓинци под секое лиснато дрво, а Мојот глас не го слушаше, вели Господ. Вратете се деца – отстапници, вели Господ, зашто Јас сум ваш Господар и ќе земам од вас по еден од град и по двајца од племе и ќе ве одведам на Сион.
Сподели
Прочитај Еремија 3Еремија 3:13-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ. Вратете се, синови одметници - говори Господ - зашто Јас Сум вашиот Господар. Ќе ве земам, по еден од секој град, по двајца од секој род, да ве одведам на Сион.
Сподели
Прочитај Еремија 3