Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 25:1-14

Еремија 25:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Слово што дојде до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, си­нот Јошиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор, кое пророкот Еремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејќи: од тринаесеттата година на јудеј­скиот цар Јошија, синот Амонов, па до денес, ете веќе дваесет и три години, доаѓа до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не по­слушавте. Господ ги праќаше кај вас сите Свои слуги – пророците, од рано утро ги ис­праќаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате. Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека; и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“ Но вие не Ме послушавте, вели Гос­под, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло. Затоа, така вели Господ Саваот: по­ради тоа што не ги послушавте зборо­вите Мои, еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе испратам до вавилонскиот цар Навухо­доносор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги напра­вам за ужас, за потсмев и за вечна пус­тош. И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото. И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина. И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи. Зашто и нив ќе ги поробат многу­бројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.

Еремија 25:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Слово упатено до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на Јоаким, син на јудејскиот цар Јосиј - тоа е во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар. Пророкот Еремија му го навести тоа слово на сиот Јудин народ и на сите Ерусалимци: „Од тринаесеттата година на Јосиј, синот Амонов, јудејскиот цар, сѐ до денешниот ден, на оваа дваесет и трета година, ми доаѓаше Господовото слово, и јас ви зборував еднакво, ама не ме слушавте. И Господ исто еднакво ги праќаше кај вас Своите слуги, пророците, но вие не слушавте и не ги приклонивте своите уши за да чуете. И ви зборуваа: ‘Вратете се секој од својот лош пат и од своите зли дела, и останете во земјата што Господ ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња; и не одете по туѓите богови, за да им служите и за да им се поклонувате; и не Ме разгневувајте со делата на своите раце, па нема ништо да ви сторам за жал.’ Ама не Ме послушавте - говори Господ - туку Ме разгневивте со делата на своите раце, за своја несреќа! Затоа вака зборува Господ над Воинствата: ‘Затоа што не ги послушавте Моите зборови, еве, Јас ќе ги испратам и ќе ги кренам сите народи од север - говори Господ - и Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе ги доведам против оваа земја и против нејзините жители, и против сите околни народи; ќе ги истребам наполно и ќе ги направам за ужас и потсмев, вечна запустеност. И ќе ги задушам меѓу нив: секој глас на радост и веселба, воскликнувањето на младоженецот и невестата, и тропотот на мелницата и светлината на светилката. Сета земја ќе се претвори во запустеност и пустина, и сите народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години. Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ - зборува Господ - за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини. Ќе доведам врз таа земја сѐ што реков против неа - сѐ што е напишано во овој книжен свиток, што пророкуваше Еремија за сите народи. И тие ќе им служат на многу народи и на големи цареви, и ќе им платам според нивните работи и според делата на нивните раце.’“