Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 23:1-8

Еремија 23:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тешко им на пастирите, што ги погубуваат и растураат овците на Моето стадо, вели Господ. Затоа вака вели Господ, Бог Изра­елов, кон пастирите, кои го пасат народот Мој: вие ги растуривте овците Мои, ги упропастивте и не се грижите за нив; еве, Јас ќе ве казнам за вашите зло­с­торства, вели Господ. И ќе го соберам остатокот од Моето стадо, од сите земји каде што ги бев изгонил, и ќе ги вратам во трлата нив­ни, па ќе се плодат и ќе се размножу­ваат. И ќе поставам над нив пастири, што ќе ги пасат, и тие нема веќе да се пла­шат, ниту ќе треперат и нема да се гу­бат, вели Господ. Еве, доаѓа времето, вели Господ, и ќе му издигнам на Давид фиданка, и ќе се зацари Цар, Кој ќе постапува мудро и ќе суди праведно на земјата. Во дните Негови Јуда ќе се спаси, и Израел ќе живее безопасно; и еве, – Неговото име со кое ќе Го именуваат е „Господ – Нашата правда!“ Затоа, еве, идат дните, вели Господ, кога веќе нема да се зборува: „Жив Господ, Кој ги изведе синовите Изра­елови од земјата египетска“, туку „Да е жив Господ, Кој го изведе и Кој го доведе племето на домот Из­раелов од северната земја и од сите земји, каде што ги беше изгонил“, и тие ќе живеат во земјата своја.

Еремија 23:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Тешко им на пастирите кои ги упропастуваат и ги распрснуваат овците на Моето пасиште“ - говори Господ. Затоа вака зборува Господ, Израелевиот Бог, против пастирите кои го пасат Мојот народ: „Вие ги распрснавте Моите овци, ги растеравте, не се грижевте за нив. Затоа сега Јас ќе се погрижам за вас заради вашите лоши дела - говори Господ. И Самиот ќе го соберам Остатокот на Своите овци од сите земји, каде што Сум ги распрснал, и ќе ги вратам на нивните пасишта: ќе бидат плодни и ќе се размножуваат. И ќе им подигнам пастири, за да ги пасат, та веќе не ќе се плашат од ништо, ниту ќе се загубуваат - говори Господ. Еве доаѓаат денови - зборува Господ, ќе му подигнам на Давида праведен Подник. Тој ќе владее како Цар и ќе биде мудар, и ќе прави суд и правда во земјата. Во неговите денови Јудеја ќе биде спасена, и Израел ќе живее спокојно. И еве Го името со кое ќе Го наречуваат: „ГОСПОД, НАША ПРАВДА.“ Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога веќе не ќе се зборува: ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Египетската Земја,’ туку: ‘Живиот ми Господ, Кој потомството на Израелевиот дом го изведе и го доведе од Северната Земја и од сите земји, каде што ги беше протерал,’ така што ќе живеат во Својата земја.“