Еремија 22:15-16
Еремија 22:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Мислиш ли дека си цар, затоа што си се оградил со кедар? Татко ти јадеше и пиеше, но вршеше суд и правда, па затоа му беше добро. Тој го бранеше правото на бедниот и на сиромавиот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа дека некој Ме познава? – вели Господ.
Сподели
Прочитај Еремија 22Еремија 22:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Дали си затоа цар дека се фалиш со кедар? Нели татко ти јадеше и пиеше, но правеше правосудство и правда, и затоа му беше добро. Го бранеше правото на сиромашниот и на јадникот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа да Ме познава Мене? - зборува Господ.
Сподели
Прочитај Еремија 22