Еремија 14:7-11
Еремија 14:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Иако нашите беззаконија сведочат против нас, но Ти, Господи, постапи со нас заради името Твое; големо е нашето отстапништво, згрешивме пред Тебе. Надеж Израелова, Спасителе негов во зло време! Зошто си како туѓинец во оваа земја, како патник што дошол да преноќева? Зошто си како уморен човек, како јунак што нема сила да спасува? А и покрај сето тоа, Господи, Ти си меѓу нас и името Твое се призива од нас. Не оставај нѐ! Така зборува Господ кон овој народ. Бидејќи сакаат да скитаат, не ги запираа нозете свои, Господ не благоволи кон нив, се сети сега за беззаконијата нивни и ги казнува гревовите нивни. И ми рече Господ: „Немој да се молиш за доброто на овој народ.
Еремија 14:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Нашите беззаконија сведочат против нас, смилувај се, о Господи, заради Своето Име! Зашто отпаднавме од Тебе, згрешивме против Тебе. О Израелева Надеж, негов Спасител во деновите на неволја! Зошто си како странец во оваа земја, како патник што се навратил за да преноќува? Зошто си како исплашен човек, како јунак што не може да помогне, ние се викаме со Твоето Име - немој да нѐ оставиш! Господ зборува вака за овој народ: „Да, тие сакаат да скитаат и не си ги штедат нозете, и затоа Господ не ги сака. И сега си спомнува за нивните беззаконија и ги казнува нивните гревови.“ И Господ ми рече: „Не барај милост за овој народ.