Судии 8:1-3
Судии 8:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му рекоа Ефремците: „Зошто направи така, та не нѐ повика, кога замина да војуваш против Мидјаните?“ И многу се караа со него. Гедеон им одговори: „Па што, направив така како што и вие? Нели се пабирките на Ефрем подобри од гроздоберот на Авиезер? Во ваши раце Бог ги предаде мидјанските кнезови Орев и Зев, и како можев јас да сторам такво нешто, во споредба со вас?“ Тогаш нивниот гнев спрема него се смири штом тој им ги кажа тие зборови.
Судии 8:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Ефремовите луѓе му рекоа на Гедеона: „Како постапи со нас: не нѐ повика кога тргна во бој против Мадијамците?“ И му приговорија жестоко. Тој им одговори: „Па што сум направил јас кога ќе се споредам со вас? Не е ли Ефремовото дособирање подобро од Авиезеровиот гроздобер? Господ ги предаде во вашите раце мадијамските кнезови Орива и Зива. Може ли да се споредува моето дело со она што го направивте вие?“ На тие зборови стивна нивниот гнев против него.