Судии 3:20-22
Судии 3:20-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Аод влезе кај него: тој седеше сам во летната горна соба. Тогаш Аод рече: „Имам Божја порака за тебе.“ Еглон стана од престолот. Тогаш Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во неговиот стомак, така што сечилото влезе заедно со дршката, а салото го покри сечилото; бидејќи Аод не можеше да го извади мечот, од неговиот мев излегуваше нечистотија.
Сподели
Прочитај Судии 3Судии 3:20-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Аод влезе. Царот седеше во ладната горница; беше сам. Аод му рече: „Цару, имам за тебе слово од Бога!“ Тој веднаш стана од престолот. Тогаш Аод го истрга со левата рака мечот од десното бедро и му ја прободе утробата. Целата рака влезе со сечилото, и салото се склопи над острилото, зашто Аод не можеше да го извлече сечилото од утробата. Оттаму излезе нечистота.
Сподели
Прочитај Судии 3