Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 2:6-13

Судии 2:6-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Откако Исус го распушти народот, синовите Израелови заминаа секој во својот дел за да добие во наследство земја. Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе сето големо дело на Господ што Тој го направи за Израел. А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години, го погребаа во пределите на него­виот дел што го наследи во Тим­нат-Херес, во Ефремовата Гора, на се­вер од планината Гааш; и кога целото поколение им се при­дружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Гос­пода и делата Негови, какви што му беше направил на Израел, – тогаш Израеловите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му слу­жат на Ваал; Го оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа; Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Ас­тарти.

Судии 2:6-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Исус го распушти народот, Израелевите синови се разотидоа секој во своето наследство, за да ја земат во сопственост земјата. Народот Му служеше на Господа во текот на сиот Исусов век и во текот на сиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и ги видоа сите големи дела што Господ ги направи за Израел. Исус, Навиновиот син, Господов слуга, умре на возраст од сто и десет години. Го погребаа во крајот што го наследи во Тамнат-Арес, во Ефремовата Гора, северно од планината Гаш. А кога сето она поколение им се придружи на своите татковци, го наследи друго поколение, што не Го познаваше Господа ни за делата што ги направил за Израел. Тогаш Израелевите синови почнаа да прават што не Му е по волја на Господа, и им служеа на Ваалите. Го оставија Господа, Бога на своите татковци, кој ги изведе од Египетската Земја, и тргнаа по други богови, меѓу боговите на околните народи. Им се поклонуваа, Го разгневија Господа. Отпаднаа од Господа за да им служат на Ваал и на Астарта.