Судии 13:1-5
Судии 13:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Израеловите синови пак правеа зло пред Господ, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години. Во тоа време имаше еден човек од Цора, од Дановото племе, по име Маној; жена му беше неплодна и немаше деца. И ангел Господов ѝ се јави на жената и ѝ рече: „Ете, ти си неплодна и немаш деца; но ќе зачнеш и ќе родиш син; затоа пази се, не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто; зашто, ете, ќе зачнеш и ќе родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ќе биде назир Божји, и ќе почне да го спасува Израел од рацете на Филистејците.“
Судии 13:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за четириесет години. А беше некој човек од Сараја, од Дановото племе, по име Маној. Жена му беше неротка и немаше деца. На таа жена ѝ се јави Господов Ангел и ѝ рече: „Ти си неплодна и немаш раѓано. Но отсега внимавај: да не пиеш ни вино ни жестоки пијалаци, и да не јадеш ништо нечисто. Зашто, ќе заносиш, еве, и ќе родиш син. И брич нека не помине преку неговата глава, зашто детето, од мајчината утроба, ќе Му биде посветено на Бога - ќе биде Божји Назиреј, и тој ќе почне да го избавува Израел од рацете на Филистејците.“