Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 13:1-25

Судии 13:1-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Израеловите синови пак правеа зло пред Господ, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години. Во тоа време имаше еден човек од Цора, од Дановото племе, по име Ма­ној; жена му беше неплодна и немаше деца. И ангел Господов ѝ се јави на жената и ѝ рече: „Ете, ти си неплодна и немаш деца; но ќе зачнеш и ќе родиш син; затоа пази се, не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто; зашто, ете, ќе зачнеш и ќе родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ќе биде назир Божји, и ќе почне да го спасува Израел од рацете на Филистејците.“ Жената дојде и му кажа на мажот свој, велејќи: „Човек Божји дојде кај мене, и лицето му беше како лице на ангел Божји, многу страшно; јас не го прашав од каде е, и тој не ми го кажа името свое; тој ми рече: ‚ете, ќе зачнеш и ќе родиш син; затоа не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто, бидејќи детето од самата мај­чина утроба па до смртта своја ќе биде посветено на Бога.‘“ И Маној Му се помоли на Господ и рече: „Господи! Нека дојде пак кај нас човекот Божји што си го испратил, и нека нѐ научи како да постапиме со детето што ќе се роди.“ Бог ја слушна молитвата на Маној, и ангелот Божји пак дојде кај жената, кога таа беше во полето, а Маној, мажот нејзин, не беше со неа. Жената во тој момент потрча и му јави на мажот свој и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој порано дојде кај мене.“ Маној стана и тргна со жена си, и дојде кај оној човек и му рече: „Ти ли си човекот што говорел со оваа жена?“ И тој рече: „Јас.“ И рече Маној: „И така, нека се исполни зборот твој, но како да постапуваме со тоа дете, и што да пра­виме со него?“ Ангелот Господов му кажа на Маној: „Нека се чува тој од сѐ она, за кое ѝ говорев на жената; нека не јаде ништо од она што лозата го раѓа; нека не пие вино и друг алкохолен пијалак, да не јаде ништо нечисто и да внимава на сѐ што ѝ заповедав.“ А Маној му рече на ангелот Господов: „Дозволи ми да те задржам, додека да зготвиме јаре.“ Ангелот Господов му рече на Маној: „И да ме задржиш, јас нема да јадам твој леб; ако, пак, сакаш да Му принесеш жртва на Господ, принеси Му.“ Маној не знаеше дека е тоа ангел Господов. Маној пак го праша ангелот Гос­подов: „Како ти е името, за да те про­славам, кога ќе се исполни зборот твој.“ Ангелот Господов му одговори: „Зошто прашуваш за името мое? Тоа е чудно.“ И го зеде Маној јарето и лебниот принос и Му ги принесе на Господ врз камен. И Тој изврши чудо, кое го видоа Маној и неговата жена. Кога почна пламенот да се издига од жртвеникот кон небото, ангелот Господов се издигна во жртвениот пламен. Откако го видоа тоа, Маној и жената негова паднаа ничкум на земјата. И ангелот Господов стана невидлив за Маној и жената негова. Тогаш Маној дозна дека тоа беше ангел Господов. И ѝ рече Маној на жената своја: „Бездруго ќе умреме, бидејќи Го ви­довме Бога.“ Жената му рече: „Ако Господ са­каше да нѐ умртви, не би примил од рацете наши жртва сепаленица и лебен принос, и не би ни го покажал сето она, а сега не би ни го открил ова.“ И жената роди син и го нарече со името Самсон. И детето растеше, и Гос­под го благословуваше. И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Цора и Ештаол.

Судии 13:1-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за четириесет години. А беше некој човек од Сараја, од Дановото племе, по име Маној. Жена му беше неротка и немаше деца. На таа жена ѝ се јави Господов Ангел и ѝ рече: „Ти си неплодна и немаш раѓано. Но отсега внимавај: да не пиеш ни вино ни жестоки пијалаци, и да не јадеш ништо нечисто. Зашто, ќе заносиш, еве, и ќе родиш син. И брич нека не помине преку неговата глава, зашто детето, од мајчината утроба, ќе Му биде посветено на Бога - ќе биде Божји Назиреј, и тој ќе почне да го избавува Израел од рацете на Филистејците.“ Жената отиде и му кажа на мажот: „Божји човек дојде кај мене, лицето му беше како на Божји Ангел, полно со достоинство. Не го прашав откаде дојде, ниту тој ми го кажа своето име. Но ми рече: ‘Ти ќе зачнеш и ќе родиш син. Отсега не пиј вино ни жестоки пијалаци, и не јади ништо нечисто, зашто твоето дете ќе биде Божји Назиреј од мајчината утроба до смртта.’“ б. Маној и Господов Ангел Тогаш Маној Му се помоли на Господа и рече: „Господи, Те молам, Божјиот човек, што еднаш го испрати, нека дојде уште еднаш кај нас и нека нѐ поучи што треба да правиме со детето кога ќе се роди!“ Господ го послуша Маноја, и Господовиот Ангел дојде пак кај жената додека седеше во полето. Маној, нејзиниот маж, не беше покрај неа. Жената отрча брзо за да го извести мажот и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој дојде кај мене во оној ден.“ Маној стана, тргна по жената, и кога дојде при човекот, го праша: „Дали си ти оној, кој зборуваше со женава?“ А тој одговори: „Јас сум.“ “Кога ќе се исполни она што си го рекол - пак рече Маној - според кои прописи и како треба да се постапува со детето?“ Господовиот Ангел му одговори на Маноја: „Жената нека се чува од сѐ што ѝ забранив. Нека не ужива ништо што доаѓа од виновата лоза, нека не пие ни вино ни жестоки пијалаци, нека не јаде ништо нечисто, и нека пази сѐ што ѝ заповедав.“ Тогаш Маној му рече на Господовиот Ангел: „Со задоволство ќе те задржиме и ќе те нагостиме со јаре.“ На тоа Господовиот Ангел му рече на Маноја: „И да ме задржиш, јас не ќе јадам од твоето јадење, туку ако сакаш да жртвуваш паленица, принеси Му ја на Господа.“ Маној не знаејќи дека тоа е Господов Ангел, и му рече на Господовиот Ангел: „Како ти е името, за да можеме да те почестиме кога ќе се исполни она што го рече.“ Господовиот Ангел му одговори: „Зошто прашуваш за моето име? Тоа е таинствено.“ Тогаш Маној зеде јаре и лебен принос па Му ги жртвува, врз камен, како паленица на Господа, Кој прави таинствени работи. Кога пламенот од жртвеникот почна да се вишка кон небото, Господовиот Ангел се дигна во пламенот. Кога Маној и неговата жена го видоа тоа, паднаа со лицето на земја. в. Самсоново раѓање Господовиот Ангел не им се јави веќе на Маној и на неговата жена. Тогаш Маној сфати дека тоа е Господов Ангел. “Без друго ќе умреме - ѝ рече на жената - зашто Го видовме Бога.“ “Ако Господ сакаше да нѐ умртви, - му одговори жената - не ќе ги примеше паленицата и лебниот принос од нашата рака, не ќе ни го покажеше сѐ тоа ниту ќе нѐ оставеше да чуеме нешто такво.“ Жената роди син и му го даде името: Самсон. Детето порасте, и Господ го благослови. И Господовиот Дух почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Сараја и Естаол.