Судии 10:1-5
Судии 10:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По Авимелех се крена да го спаси Израел Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Ефремовата Планина. Тој беше судија над Израел дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир. По него дојде Јаир од Галаад, кој беше судија над Израел дваесет и две години. Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет града, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја. Јаир умре и беше погребан во Камон.
Судии 10:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По Авимелеха стана Тола, синот Фуев, син Додов, за да го избави Израел. Тој беше од Исахаровото племе, а живееше во Самир, во Ефремовата Гора. Му беше судија на Израел дваесет и три години, а кога умре, го погребаа во Самир. К. Осми судија - Јаир По него стана Галатецот Јаир, кој му беше судија на Израел дваесет и две години. Имаше триесет синови, кои јаваа на триесет ослиња и имаа триесет градови, што се наречени до денешен ден Јаирови Села, а се наоѓаат во Галадската Земја. Кога умре Јаир, го закопаа во Камон.