Јаков 5:7-9
Јаков 5:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да узрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд. Бидете и вие трпеливи како него и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде! Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди! Еве Го Судијата, веќе стои пред врата!
Јаков 5:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен. Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи. Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.
Јаков 5:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, бидете трпеливи, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд. Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто е близу Госповото доаѓање. Не воздивнувајте, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.