Јаков 4:10-11
Јаков 4:10-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне! Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!
Јаков 4:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Понизете се пред Господ и ќе ве подигне! Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
Јаков 4:10-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши! Не клеветете се еден друг, браќа; кој го клевети својот брат или го суди својот брат, го клевети законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија.