Јаков 4:1-3
Јаков 4:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете! Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.
Јаков 4:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши? Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите. Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти.
Јаков 4:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Од каде се војните и од каде се борбите меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите страсни желби, што се борат во вашите членови? Сакате и немате, убивате и завидувате, и не можете да постигнете; се борите и војувате. Немате, зашто не молите. Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби.