Јаков 4:1,6-7
Јаков 4:1 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела?
Сподели
Прочитај Јаков 4Јаков 4:6-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Всушност, Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо: “Бог им се противставува на гордите, но спрема скромните е благонаклонет.“ Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!
Сподели
Прочитај Јаков 4Јаков 4:1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?
Сподели
Прочитај Јаков 4Јаков 4:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.
Сподели
Прочитај Јаков 4