Јаков 2:20-24
Јаков 2:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Зар не сакаш да сфатиш, површен човеку, дека од вера без дела нема никаква корист!? Врз основа на што Бог го прогласи за праведен, нашиот прататко Авраам? Зарем тоа не беше преку дела, кога го стави својот син Исак врз жртвеникот? Гледате ли дека неговата вера беше сообразена со неговите постапки? Со таа своја постапка тој потврди дека има совршена вера. Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател. Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.
Јаков 2:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва? Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак? Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена? И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се нарече – пријател Божји. Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?
Јаков 2:20-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва? Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак? Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството. И така се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се засмета за правда, и се нарече Божји пријател.“ Гледате дека човекот се оправдува преку дела, а не само преку вера.