Јаков 2:13-17
Јаков 2:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Инаку, на Судниот ден Бог нема да има милост спрема оние што биле безмилосни спрема другите. Милоста ја поразува осудата. Драги пријатели, каква корист има да велите дека имате вера, ако тоа не се гледа од вашите постапки? Може ли таква вера да ве спаси? Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна. Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неопходно за да преживее!? Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.
Јаков 2:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот. Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси? Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат, па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза? И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
Јаков 2:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто судот нема милост кон оној, кој не покажувал милост. Милоста слави победа над судот. Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси? Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна, па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!“ а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата? Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.