Јаков 2:1-4
Јаков 2:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Пријатели мои, ако имате вера во нашиот славен Господ Исус Христос, нема да се однесувате спрема едни луѓе подобро, а спрема други полошо. Да претпоставиме дека на вашата богослужба доаѓа човек со златни прстење на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека. Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“, зарем со тоа не ги двоите луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?
Јаков 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа мои, држете ја непристрасно верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата! Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека, па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“, зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли?
Јаков 2:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Браќа мои, имајте вера во нашиот славен Господ Исус Христос, не гледајќи кој е кој! Зашто ако на вашето собрание дојде човек со златен прстен и со светла облека, а влезе и сиромав во бедна облека, па погледате во оној, во светлата облека, и му речете: „Ти седни тука убаво!“ а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“ или „Седни до моето подножје.“ Не правите ли разлики помеѓу себе и така станавте судии со лоши помисли?“