Исаија 66:7-11
Исаија 66:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Уште не беше почувствувала родилни маки, и роди; пред да настапат болките нејзини, роди син. Кој слушнал такво нешто? Кој видел слично на тоа? Никне ли од земјата во еден ден? Се раѓа ли народ наеднаш, како Сион: штотуку почна да се мачи од родилни болки, – ги роди синовите свои? Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката – таа нема да роди – вели Господ. Или Јас Кој давам да се роди, ќе ја заклучам ли утробата? – вели твојот Бог. Развеселете се со Ерусалим и радувајте се за него сите што го сакате! Радувајте се со него радосно сите што тагувавте по него, за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опивате и насладувате од изобилната слава негова.
Исаија 66:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Пред да почне да се измачува, ете, родила. Пред да ги почувствува породилните болки, породила машко. Кој чул такво нешто, кој видел такво нешто? Може ли земјата да биде населена во еден ден? Дали може народ да се роди одеднаш? А штом ги почувствува болките, Сионката роди синови! Зар би го отворил Јас мајчиното крило а таа да не роди? - зборува Господ. Зар Јас - Кој го давам раѓањето, би ја затворил утробата?“ вели твојот Бог. „Веселете се со Ерусалим, воскликнувајте заради него сите кои го љубите! Радувајте се, радувајте се со него, сите кои тажевте над него! Надојте се и наситете се на градите на неговата утеха, за да се напиете и насладите на градите на неговата слава.“