Исаија 66:15-17 - Compare All Versions
Исаија 66:15-17 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто, ете, ќе дојде Господ во оган, и колите Негови – како виор, за да го излее гневот свој со јароста и заканата Своја – со пламнат оган. Зашто Господ ќе суди со оган и со мечот Свој над секоја плот, и многумина ќе бидат убиени од Господ. Оние, што се посветуваат и очистуваат во градините еден по друг, кои јадат свинско месо и гадотии и глувци, – сите ќе загинат вели Господ.
Исаија 66:15-17 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Зашто, еве, Господ доаѓа со оган - воената кола Му е како виор - за да го излее Својот гнев во јарост и Своите закани во вжарен оган. Да, Господ ќе му суди со оган и со меч на секој смртник: поразените од Господа ќе бидат мноштво. „Оние кои се посветуваат и се чистат во градините зад оној еден на средина, кои јадат свинско, нечисто и глувци - сите ќе загинат заедно,“ говори Господ.